Search

ДИК треба да го извести Фазли Бедри дека ќе стане пратеник откако Бесими поднесе оставка

На првата следна собраниска седница, Собранието ќе треба ја да потврди оставката на пратеникот Флорин Бесими кој денеска информираше за истата.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата вчера предупредија дека пратеникот на ДУИ, Фљорин Бесими нема да може да гласа за изборот на новата влада, бидејќи неговиот брат, Фатмир Бесими, е кандидат за министер за финансии.

Поради тоа пратеникот поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, поради како што вели, избегнување на можен конфликт.

Според членот 102, став 1 од Законот за избор на пратениците во Собранието, следниот на листата на ДУИ ќе биде идниот пратеник во десеттиот парламентарен состав.

Сега на потег е Државната изборна комисија која во рок од три дена по оставката треба да го извести следниот на листата, во случајов Фазли Бедри. Доколку пак Бедри во следните осум дена не потврди дека го прифаќа мандатот за пратеник, ДИК мандатот ќе го додели на следниот на листата кандидати за пратеници.

Треба да знаете
Последни објави