Search

Антикорупциска нема проблем со Николовски како вицепремиер за антикорупција

Антикорупциската комисија не е против вицепремиер за борба против корупција, но не знаат што тој планира да работи. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, за Алсат најави дека откако генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, ќе биде изгласан како вицепремиер во оваа област, антикорупционерите ќе иницираат средба со него за да видат кои би биле неговите надлежности.

-Борбата против корупцијата не е само на Антикорупциска комисија, туку во таа борба треба да учествуваат сите. Модалитети може да има,
вели Ивановска за ТВ Алсат.

Николовски на новата функција – вицепремиер за борба против корупцијата, ќе има улога на координатор на институциите кои се борат против корупција, најави мандатарот Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави