Search

Топалоски се пишмани: Не видов пиштол кај Усеини, Нефи бил и ќе биде мој пријател

Полицијата не може да ги најде советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат, за кои денеска судот одреди осумдневен притвор.Браќата Усеини, се товарат за напад врз нивниот сограѓанин Спире Топалоски, што се случил завчера пред познат хотел во Охрид. Првата изјава на Топалоски беше дека Нефи го тепал и замавнувал со пиштол пред очите на неговиот малолетен син.

Но, Адвокатот на Спирко Топалоски,  Кристијан Спироски денеска испрати писмен допис во кој пренесува изјава  од Топалоски за немилиот настан, но со поинаква содржина од пласираната во медиумите, пренесува Охрид 1. Тој вели:

„Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве  излегоја во јавноста, надвор од контекст  и надвор од се што се случи критичниот ден. Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм.  Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се. Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, се вели во денешната изјава која до медиумите ја испрати адвокатот на Спирко Топалоски, Кристијан Спироски.

Полицијата, поднесе кривични пријави против нив кои се сомничат дека ги сториле кривичните дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

Треба да знаете
Последни објави