Search

Најмалку 45 мигранти се удавија кај Либија

Најмалку 45 мигранти и бегалци загинаа оваа недела кај Либија во најтешкиот бродолом годинава, соопштија Обединетите нации во Женева.

Агенцијата за бегалци – УНХЦР и Меѓународната организација за миграција во заедничко соопштение наведоа дека 37 лица, кои ги спасиле рибари, објасниле дека најмалку 45 луѓе загинале кога моторот на нивниот чамец експлодирал кај местото Звара во Либија.

Бродот на кој биле најмалку 82 мигранти потона во понеделникот по екплозија на моторот, соопштиле претставници на ОН.

Преживеаните главно се од Сенегал, Мали, Чад и од Гана.

УНХЦР и Меѓународната организација за миграција повикаа на засилување на операцијата за спасување и воспоставување специјален механизам за потрага бидејќи во спротивно ќе има уште жртви и исчезнати во Средоземното Море.

Над 7.000 мигранти досега оваа година пресретнала либиската крајбрежна стража и ги вратила назад во Либија, а најмалку 302 мигранти и бегалци го изгубиле животот од почетокот на 2020 година, според овие две агенции на ОН.

Треба да знаете
Последни објави