Search

(Фото) Прегазен моторџија во Тафталиџе

Возач на мотор завршил во болница откако бил прегазен од автомобил, вечерва во Тафталиџе, дознава  24Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила на улица Варшавска кај Гимназијата „Ѓорги Димитров“.

Моторот се судрил со автомобил„сеат леон“, по што повредениот моторџија бил пренесен во болница со возило на Итната помош.

Полицијата врши увид во моментов.

Треба да знаете
Последни објави