Search

Мицкоски се премисли за укинување на Пржинската влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на еден од ТВ дуелите со Зоран Заев пред изборите, рече дека и ВМРО-ДПМНЕ е согласна дека Пржинската влада треба да се укине.

Заев тогаш рече дека тој бил за тоа таканаречената Пржинска влада да се укине и порано, на што Мицкоски одговори дека за овие избори инсистирале таа да се воведе, бидејќи немале доверба во СДСМ дека ќе организира фер избори.

Двајцата се согласија дека по овие избори, кој и да биде во опозиција, тие се за укинување на техничката влада.

Откако денеска Заев и Ахмети соопштија дека се договориле да формираат влада и најавија укинување на Пржинската влада, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение дека Заев нема право еднострано да го укинува моделот на техничката влада.

-Самиот Пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада. Оттука се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери која има за цел да се отргне вниманието на крими коалицијата која ќе ја формира владата, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави