Search

Лажна вест за оставка на белорускиот министер за надворешни работи

Не се точни наводите за оставка на белорускиот министер за надворешни работи, Владимир Макеј што се појавија на социјалните мрежи и во голем број медиуми, изјави неименуван дипломатски извор за агенцијата Тасс.

-Тоа е лажна вест. Владимир Макеј е во својата канцеларија и продолжува напорно да работи, рече изворот.

Според наводите, Макеј наводно си поднел оставка по реакцијата на западните земји за ситуацијата во Белорусија, каде, по последните претседателски избори, се одржуваат масовни протести.

Претседателот Александар Лукашенко повторно победи на претседателските избори, но опозицијата и дел од јавноста ги отфрлаат изборните резултати.

Треба да знаете
Последни објави