Search

ЕУ разгледува воведување санкции против поединци во Белорусија

Европската унија ја разгледува можноста за воведување санкции против поединци во Белорусија поврзани со насилството и изборната измама, изјави денеска шпанската министерка за надворешни работи Аранка Гонзалез Лаја, најавувајќи дека лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за ситуацијата во Белорусија.

Британските медиуми потсетуваат дека по неодамнешните претседателски избори во Белорусија, за кои многумина сметаат дека не беа фер, во земјата избувнаа масовни протести.

ЕУ верува дека има „простор за санкции, но не и санкции против оваа земја или нејзините граѓани, туку против лица кои поттикнуваа насилство или измами во изборниот процес”, рече Гонзалез Лаја во изјава за шпанската радио станица „Онда Серо”.

Треба да знаете
Последни објави