Search

Ди Марија херој за ПСЖ, парижаните се пласираа во финалето на ЛШ

Изненадувањата во Лигата на шампионите завршија откако Пари Сен Жермен го совлада РБ Лајпциг со 3:0 на стадионот „Луж” во Лисабон и стигна до финалето. Таму ќе се сретнат со победникот од натпреварот Баерн – Лион.

Ова ќе биде прво учество на парижаните во битката за најпрестижниот трофеј во Европа и за разлика од 1995 година, кога во претходното полуфинале на турнирот загубија од Милан, овој пат беа покатегорични.

Избраниците на Томас Тухел имаа сериозна предност до паузата, кога постигнаа два гола преку Мааркињос и Ди Марија, кој претходно асистираше. Точка на победата стави Бернат во 56. минута, пак по асистенција на Аргентинецот.

Лајпциг имаше шанси, но така и не успеа да постигне гол. Сепак, Германците можат да си заминат

сокренати глави по импресивниот настап во натпреварувањето оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави