Search

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што било утврдено со одлуката од 10.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,244 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,365 ден/кг.

Треба да знаете
Последни објави