Search

Муслиу: Премиер може да изберат кого сакаат, дури и од некој што има 1 пратеник во Собранието

Во гостувањето во Само вистина на Канал 5, аналитичарот Алберт Муслиу истакна дека уставноста на премиерот ја одредува бројката 61 кај нас.

Не верувам дека ќе се оди на тие формули 3+1 односно три години премиер Заев а една ДУИ. И да се оди тука нема ништо противуставно, владата може секој 3 месеци да бира премиер тоа е нивна волја исто како што бираат технички премиер пред избори и нема ништо неуставно. Уставноста на премиерот ја одредува бројката 61 кај нас, може секој две недели тоа да го прават. Друга работа колку е тоа политичко самоубиство.

  • Верувам дека ќе изнајдат решение кое е одржливо за двете страни и да не ги оштети двете страни. Премиер може да изберат кого сакаат, не од 15 од ДУИ може да изберат од некој што има 1 пратеник во Собранието, тој ја има и легитимноста и легалноста. Двете страни имаат интерес и верувам дека се договориле.
    Во опкружувањето и во Косово, Албанија и Србија сме имале премиери од помалите партии, кај нас драмата настана затоа што ДУИ промовира премиер Албанец, рече Муслиу.
Треба да знаете
Последни објави