Search

Доминација на американските универзитети на Шангаската листа

Американските универзитети ја задржаа својата доминација на врвот на списокот во Шангајската листа на најдобри универзитети во светот.

Осумнаесетта година по ред американскиот универзитет Харвард е на врвот на таа листа составена од независната консултантска агенција Шангај Ранкинг консултанс.

Универзитетите Стенфорд и Беркли се на второ и четврто место додека на третото место е Кембриџ.

Шангајската листа се објавува од 2003 година и зема во предвид шест критериуми за да се направи разлика помеѓу 500 универзитети од 1.200 регистрирани ширум светот.

Критериумите вклучуваат број на добитници на Нобелова награда меѓу поранеши студенти, број на истражувачи кои најмногу се споменуваат во нивните дисциплини и број на публикации во списанијата Science и Nature.

Треба да знаете
Последни објави