Search

Тешка несреќа на „Џиро ди Ломбардија“, велосипедист падна од мост за време на трка (ВИДЕО)

Белгискиот вепосипедист Ремцо Евенепоел доживеа тешка несреќа на трката „Џиро ди Ломбардија“. Тој падна од мост и веднаш е пренесен во болница. Евенепоел бил меѓу водечките на околу 50 км до целта, но при спустот удрил во десната страна на мостот, а потоа се превртел и паднал во провалија. Првите извештаи од болницата велат дека велосипедистот добро се чувствува, а неговиот тим се огласи на Твитер.

“Им благодариме на сите кои во своите пораки посакаа се најубаво за Евенепоел, тоа многу ни значи. Ве молиме да не се шпекулира со здравствената состојба на нашиот велосипедист. Кога ќе знаеме повеќе информации за неговата состојба веднаш ќе ги објавиме“.

https://youtu.be/8uZknTOOK4o

Треба да знаете
Последни објави