Search

Лукашенко испраќа војска на западната граница на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека падобранска бригада ќе биде распоредена на западната граница на земјата како одговор на воените вежби на НАТО во Полска и Литванија. Лукашенко го изјави ова откако претходно денеска се договори за соработка со рускиот претседател, Владимир Путин.

Додека Европската унија му се заканува на Минск со санкции поради судирите со антивладините демонстранти, Лукашенко рече дека е загрижен за воените вежби на НАТО во двете соседни земји.

Белоруската новинска агенција „Белта“ претходно објави дека двајцата претседатели денеска разговарале за ситуацијата во Белорусија и во странство. Беше соопштено дека Лукашенко побарал да разговара со Путин за заканата на која е изложена неговата земја, но и целиот регион.

Телефонскиот разговор најмногу бил насочен кон опасноста што протестите во Минск ја претставуваат за сојузот на Русија и Белорусија.

По разговорот, Лукашенко информира дека со Путин се согласиле за давање помош во случај тоа да биде потребно.

Треба да знаете
Последни објави