Search

Лион ги изненади Манчестер Сити и си закажа полуфинале со Баерн (ВИДЕО)

Лион приреди сензација во Лигата на шампионите и славеше во натпреварот со големиот фаворит Манчестер Сити (1-3) предводен од еден од најдобрите светски тренери Пеп Гвардиола.

Играч на натпреварот беше Муса Дембеле, кој влезе во игра во 75. минута и успеа да постигне два гола. Французинот стрелаше во 79. и 89. минута.

Претходно, предност за Лион донесе Корне во 24. минута, а за Сити изедначи Де Брујне во 69. минута. Ситуацијата можеше да биде поинаква да реализираше Стерлинг, кој го промаши невозможното во 85. минута, за изедначување на 2-2.

Лион во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се соочи со Баерн Минхен кој претходно ја прегази Барселона. Во второто полуфинале ќе играат ПСЖ и РБ Лајпциг.

 

 

Треба да знаете
Последни објави