Search

Лилард и Мколум го однесоа Портланд во осмина-финалето (ВИДЕО)

Кошаркарите на Портланд Блејзерс успеаја да се пласираат во плејофот, откако во историскиот „плеј-ин“ дуел во Орландо славеа над Мемфис Гризлис (126-122).

Расплетот следеше во последните шест минути на средбата во Орландо. Беше 111-111, па Лилард и пријателите го зададоа ударот. Поведоа со 119-113, а оттогаш до финишот Мемфис само бркаше, но ниеднаш не дојде до поблиску од три поени негатива.

https://youtu.be/Ytfmvaw-_Vc

Лилард го заврши мечот со 31 поен и 10 скока, го следеше клупскиот колега Мекалум со 29 поени, додека кај „гризлис“ младиот Џа Морант имаше феноменален меч со 35 поени, 8 асистенции и 4 скока.

Треба да знаете
Последни објави