Search

Во Психијатриската болница во Демир Хисар има 17 пациенти и двајца вработени позитивни на коронавирусот

Во Психијатриската болница во Демир Хисар се регистрирани 17 пациенти позитивни на коронавирусот, како и медицинска сестра и физички работник, пренесува сакамдакажам.мк.

Во болницата постои посебен оддел за прием на пациенти, посебен оддел за третман и посебен оддел за изолација. Сите пациенти се лекуваат во едно засебно одделение, по протокол за лекување во домашни услови. Доколку нивната здравствената состојба наложи пациентите се лекуваат во болнички услови.

Во моментов, во болницата се лекуваат 296 пациенти.  Протоколот за прием на пациенти предвидува мерење на телесна температура, земање на епидемиолошка анамнеза, при секој прием пациентот мора да помине 14 дена во карантин во посебен објект во установата наменет само за тоа.

Треба да знаете
Последни објави