Search

Севилја и Баер Леверкузен го визираа пласманот во четвртфиналето од ЛЕ

Шпанскиот претставник Севилја обезбеди пласман на завршниот турнир во фудбалската Лига Европа, откако на неутрален терен во Дуизбург ја совлада италјанската Рома со 2:0. Тимот предводен од тренерот Лопетеги постигна два погодоци а имаше прилики за уште двапати да ја затресе мрежата на гостите од Рим и триумфот да го направи поубедлив.

На вториот натпревар кој се играше во терминот од 18:55 часот, Баер Леверкузен на домашен терен го победи Ренџерс со 1:0, а беше подобар и на гостувањето 3:1 и се пласира во четвртфиналето.

Треба да знаете
Последни објави