Тетовец удрил во велосипедист и избегал

На 03.08.2020 во 18.30 часот, на бул.,,Видое Смилевски Бато“ во Тетово непознато патничко возило, кое по незгодата го напуштило местото, удрило во А.А.(68) од Тетово, кој туркал велосипед. Во незгодата A.A. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави