Search

(Фото) Нема дистанца во Охрид: Меѓу лежалки чадор

На плажите во Охрид не важат правилата за дистанца, па поради големиот број на туристи борбата е за секој слободен сантиметар.

Така е и на уредените плажи, каде лежалките се наредени на пропишаното растојание, но и меѓу нив се уфрлуваат туристи без да водат сметка за дистанцирањето.

Ова е особено честа појава во попладневните часови кога на плажите, по завршување на работното време доаѓаат и охриѓани.

При тоа никој не води сметка ниту се труди да одржува дисциплина и почитување на мерките.

Треба да знаете
Последни објави