Search

Гаши: Ако ДУИ не успеат со премиер Албанец, треба да отстапат и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори

ДУИ треба да проба Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори, изјави лидерот на Алијанса, Африм Гаши во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Според него, по разговори со Зијадин Села заклучиле дека нема да влегуваат во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет.

Коалицијата Алијанса Алтернатива излезе на изборите со една програма- Држава за сите. Ние се спротивставивме за идејата премиер Албанец, мислејќи дека тоа е само симболика, а не содржина. И сега не можеме да ги излажеме нашите гласачи кои веруваа на овој концепт за да одбраниме некој друг концепт, вели Гаши објаснувајќи го ставот и повикот на Ахмети сите партии да застанат зад идејата на ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави