Search

Јувентус по деветти пат во низа е шампион на Италија

Јувентус по деветти пат во низа го освои Скудетото, откако вечерва на својот стадион дојде до победа над Сампдорија од 2:0 и веќе има недостижни +7 бода во однос на второпласираниот Интер.

Иако титулата можеше да биде потврдена и порано, сепак, тимот на Маурицио Сари на две кола пред крајот на сезоната успеаја да ја потврдат доминацијата и по 36-ти пат да ја освојат фудбалската круна на Апенините.

Јуве вечерва долго чекаше на водство. На прв гол во мрежата на Самдорија се чекаше се до судиското надополнување во првото полувреме, кога Пјаниќ и Роналдо одиграа фантастично од слободен удар, по што Португалецот ја погоди гостинската мрежа за водство од 1:0.

Бернардески во 67. минута натрча на една одбиена топка на гостинскиот голман по шутот на Роналдо и успеа да ја спроведе во мрежата на Самп за предност од 2:0. Роналдо доби шанса да го постигне и својот втор гол на вечерашниот меч, но не успеа да погоди од белата точка во 89. минута.

Треба да знаете
Последни објави