Search

Албанското Национално биро за истраги ќе го предводи жена

Албанското Национално биро за истраги (БКХ) ќе го раководи жена.

Специјалното јавно обвинителство (СПАК) денеска за оваа функција ја поредложи Аида Хајнај, актуелна заменик-генерална директорка на албанската државна полиција.

СПАК во изминатите осум месеци изврши верификација на сите пријавени кандидати и во најтесен избор останаа четворица,меѓу кои и Хајнај. Предлогот на СПАК треба да го потврди Високиот совет за правда.

Националното истражно биро е единствената институција за реформи во албанскиот правосуден систем која сеуште не е формирана.

По назначувањето на директорот на БКХ, СПАК ќе го започне процесот за избор на 60 агенти на оваа структура,која е идентична со американското ФБИ. Поради тоа раководството и агентите на БКХ ќе бидат на обука три месеци во акамедијата на ФБИ во Вирџинија.

Првата реакција по предлогот Хајнај да биде прв човек на албанското ФБИ дојде од амерканската амбасадорка Јури Ким.

„Уште еден чекор напред на патот за заокружување на изборната реформа,предлогот за прв човек на БКХ да биде Аида Хајнај. Следниот чекор: обука во ФБИ со најдобрите американски службеници за спроведување на законот. Камен по камен станува ѕид, напиша амбасадорката Ким на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави