Search

Оливија де Хевиленд, ѕвездата на „Однесено со виорот“ почина на 104 години

Оливија де Хевиланд, последниот линк со „златната ера“ на Холивуд, најпозната по улогата во „Однесени со виорот“, почина на 104-годишна возраст од природни причини во Париз, каде што живееше.

Актерката беше позната и поради својата врска со легендарниот актер, Ерол Флин со кого имаа долгогодишна соработка, но никогаш немаа романтична врска, како и доживотната кавга со својата сестра, исто така позната актерка, Џоан Фонтејн.

Иако Де Хевиленд освои два Оскари за најдобра женска улога во „За секого неговото“ од 1946 и „Наследничка“ од 1949 година, таа останува најдобро запаметена по нејзиниот настап како стоичката Мелани Хамилтон Вилкес во класичниот филм „Однесени со виорот“ од 1939 година.

Де Хевиленд го направи своето деби на екранот во раскошната адаптација на Макс Рајнхард од 1935 година на „Сонот на летната ноќ“. Таа потоа сними осум филмови во соработка со Ерол Флин.

 

Треба да знаете
Последни објави