Search

Кривична пријава за ДИК од Македонски концепт

Македонски концепт ќе достави иницијатива до Уставен суд и кривична пријава до ЈО за ДИК, со цел да отвориме пат за вистината за изборниот режиран резултат, без разлика дали истото тоа контролирано судство ќе се охрабри да проработи!

Скандалозното сумирање на изборниот резултат покажа дека ние живееме во контролирана демократија, во која не е важно кој гласа, туку кој брои гласови! Партиите се тие кои одлучуваат за изборниот резултат, а не граѓаните кои гласаат!

Се договорија трите политички групации на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, да се констатира резултат со кој секоја од нив ќе ја зачува својата позиција, господин Заев како премиер, господин Мицкоски како лидер на опозицијата и господин Ахмети како неприкосновен лидер на македонските Албанци! Се договорија и ја завршија својата работа. ДИК и македонското судство тоа го аминуваа! Повторно, по стоти пат, констатираме судство под контрола на партиите!

“Партиите знаејќи дека не ги контролираат евентуалните пратеници од Македонски концепт, сите заедно се погрижија да не избришат од сите гласачки места, вклучително и гласовите на самите кандидати за пратеници! Тоа заслужува секаква осуда, но и гордост кај сите нас, дека сме единствена структура која не е под контрола на мафијата и нејзините политички извршители! Тоа граѓаните ќе го согледаат низ годините кои доаѓаат”, вели Богојески од Македонски концепт.

Треба да знаете
Последни објави