Search

Кина ги обвини САД за непрописно влегување во нивниот Генерален конзулат во Хјустон

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека американски полицајци неприписно влегле во затворениот кинески конзулат во Хјустон.

Во соопштението не се дадени детали, но американските федерални агенти вчера ја проверувале влезната врата на конзулатот, а таму бил забележан и бравар како работи на неа, откако кинеските дипломати ја напуштиле зградата.

Односите меѓу САД и Кина се паднати на најниско ниво во последните децении, како резултат на споровите околу трговијата, технологијата, Хонг Конг, обвинувањата за шпионажа и протестите за третманот на муслиманите во Кина.

Владата на претседателот Доналд Трамп неделава нареди да се затвори кинескиот конзулат во Хјустон, тврдејќи дека кинески агенти се обиделе да украдат медицински и други истражувања во Тексас. Пекинг реципрочно одговори со затворање на американскиот конзулат во градот Ченгду.

„Што се однесува до насилното влегување на американската страна во зградата на кинескиот Генерален конзулат во Хјустон, Кина изразува силно незадоволство и противење. Кина ќе реагира соодветно и неопходно”, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави