Search

Арифи не гледа во ВМРО ДПМНЕ партнер за формирање на новата влада

Потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи во вечерашното свое гостување во отовреното студио на ТВ 24, се произнесе дека не го гледа во ВМРО-ДПМНЕ партнер за формирање на новата влада. Според Арифи во овој момент значајно е да се задржи евро-атланскиот курс на земјата и спроведувањето на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

-Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, Преспанскиот, Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори, апсолутно се поврзуваат со тие што ги креираа овие договори кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори, рече Арифи.

Треба да знаете
Последни објави