Тројца судии од мак-фудбалот позитивни на коронавирусот

Направеното тестирање за фудбалските судии од страна на Фудбалската федерација на Македонија во пресрет на подготовките за стартот на сезоната закажана за 9 август, донесе три позитивни резултати на коронавирусот. Ова не е конечната бројка бидејќи како што дознава 24 Инфо во ФФМ не се пристигнати сите резултати од тестираните судии.

Инфицираните фудбалски судии со коронавирусот веќе се испратени во самоизолација, додека за другите кои треба да бидат ставени на располагање за да ја делата правдата во прволигашката и второлигашката конкуренција, се закажани задолжителните тестови за физичка подготвка. Истите во текот на идната недела ќе бидат реализиран во Велес, но ќе се изведуваат во помали групи за да се запазат препораките во битката за сузбивање на пандемијата од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави