Леброн доминира оваа сезона и мора да биде МВП

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард смета дека Леброн Џејмс од Лејкерс треба да го добие признанието за најдобар играч оваа сезона во НБА-лигата.

– Ако ја доделите наградата на Леброн или на Јанис, нема да погрешите. Но, моето мислење е дека оваа сезона признанието МВП треба да го допие Леброн, изјави Лилард.

ЛА лејкерс е лидер во Западната конференција, а Леброн има доминантна сезона. 17-та година во НБА? Тој води во лигата по број на асистенции асистенции, додаде Лилард.

Лејкерс до прекинот на сезоната во март, има биланс од 49 победи и 14 порази и е прв во поредокот на Запад.

Треба да знаете
Последни објави