Кадиз го врати Негредо во шпанската Ла Лига

Повратникот во шпанската фудбалска Ла Лига, Кадиз го ангажира искусниот напаѓач Алваро Негредо, објави клубот. Договорот на 34-годишниот Шпанец Негредо со Кадиз е за една сезона, но има опција да биде продолжен за уште една.

Негредо последен пат играше за Ал Наср.

Претходно, напаѓачот ги носеше дресовите на Реал Мадрид, Валенсија, Севиља, Манчестер Сити, Мидлсборо и Бешикташ.

Треба да знаете
Последни објави