Search

Боки и Ременски тврдат дека се невини, Рускоска вели да формираш хуманитарна организација и да лажеш дека зад неа стои ЕУ е дело на девијантент ум

Обвинетите во „Рекет 2“ рекоа дека не се виновни за криминал со „Меѓународен сојуз“, а обвинителката Вилма Рускоска, пак, на главната расправа за случајот изјави да формираш хуманитарна организација и да лажеш дека зад неа стои европска хуманитарна организација е дело на еден девијантент ум.

Токму шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на судот му го достави решението од Јавното обвинителство дека се одбиваат барањата од Бојан Јовановски-Боки 13 и Фросина Ременски за нејзино изземање од предметот како неосновани.

Освен Ременски и Боки, за „Рекет 2“ обвинети се и Јасна Мандиќ, таткото на Боки, Миле Јовановски и Христина Блажеска кои се товарат за измама и перење пари.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Јавната обвинителка Вилма Русковска во уводниот збор рече дека ОЈО ќе докаже дека обвинетите свесно ги сториле делата за кои се обвинети.

-Да формираш хуманитарна организација и да лажеш дека зад неа стои европска хуманитарна организација е дело на еден девијантент ум, рече Русковска.

Таа додаде дека сите обвинети кои се во судница во измамата имале своја улога. Рече дека на измамените им било ветено дека ќе им биде обезбедено државно земјиште за изградба на објекти, а
Фросина Ременски со давање совети и упатства го советувала Јовановски на средбите со оштетените.

Во своја одбрана, сите обвинети рекоа дека разбираат за што ќе им се суди и дека не се чувствуваат виновни за што се обвинети.

-Сите баналности во обвинението ги разбирам но не се чувствувам за виновен, рече Боки-13.

Ременски одговори дека е огорчена од намерата за кривичното дело измама за кое е обвинета. Според Миле Јовановски, срамно е што на 63 години го прават криминалец и дека не го ни прочитал обвинението оти немал гржа за тоа што го пишува.

Според Русковска, оштетениот Силјан Мицевски уплатил 719.905 евра, пари кои му биле предадени на Боки 13, а оштетениот Адријан Амзоски, пак, уплатил 233.821 евра кои исто така завршиле кај Бојан Јовановски.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

 

Треба да знаете
Последни објави