Search

Муслиу: Тешко е да се формира влада, постои опција повторно да одиме на избори

„Ние не само што имавме техничка влада со внатрешни недоразбирања, туку имаме и блокиран процес на јавни работи, набавки, локалната самоуправа кога ќе се објават изборите е нефункционална“, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за емисијата „Само вистина“.

„Се беше блокирано од јануари до јули, шест месеци ги изгубивме. Дај боже овие избори да беа во април, веќе ќе бевме во други фази. Ни треба институција која ќе ја контролира извршната власт. Ние немаме толку одговорни политичари кои би се однесувале одговорно без некој вид на контрола. Затоа сметам дека добро беше што се одржаа сега изборите“, вели Муслиу.

Тој смета дека партиите ќе преговараат тајно, затоа што јавни преговарања подигаат тензии.

„Постои комбинации повторно да одиме на избори, односно никој да не може да формира мнозинство. Не знам тоа колку би било корисно за целото општество“, рече Муслиу.

Треба да знаете
Последни објави