Search

Антонио Милошоски го победи коронавирусот

После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19 повторно дома, напиша Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.
Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се преморени, деноноќно се борат за секој пациент. Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје- напиша Милошоски.

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/3630929903602929

Треба да знаете
Последни објави