Search

Мигрантските кампови во Грција под клуч до август

Грција повторно го продолжи рокот во кој ќе бидат затворени мигрантските кампови поради страв од ширење на коронавирус, така што ограничувањата воведени на 21 март ќе важат до 2 август, јавува Би-би-си.

Забраната за движење надвор од камповите, воведена на 21 март, е продолжена до 2 август од превентивни причини и да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Министерството за миграција, објаснувајќи дека тоа е неопходно заради зголемениот број на пациенти во земјата.

Досега, во грчките мигрантски кампови нема пријавено смртни случаи од Ковид-19, каде моентално се наоѓаат 31.000 баратели на азил, сместени на пет грчки острови.

Во остатокот на Грција, обврската за носење маски на вработените и клиентите во супермаркетите е на сила од денес, а казните за непочитување на тоа правило се 150 евра.

Со само 194 смртни случаи, Грција избегна голема епидемија на коронавирус, поради што ги отвори аеродромите за меѓународни летови на 1 јули, додека летовите од Лондон беа воспоставени на 15 јули.Сепак, просечниот број на нови случаи на ден се искачи на 35, од 25 во јуни.

Треба да знаете
Последни објави