Search

Заврши рокот за поднесување приговори, до 21 часот во ДИК поднесени 82

Вкупно 82 приговора се поднесени до 21 часот вечерва, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Најголем број од приговорите, 74, се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ. ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.

Претходно, во текот на денот, до ДИК пристигнаа пет приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

До 21 часот вечерва можеа да се поднесуваат приговори за постапката на гласање, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите приговори може да се доставуваат до утре, до 19 часот и 30 минути.

Роковите за приговори почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.

По завршување на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува.

Треба да знаете
Последни објави