Search

(Видео) Меркел се изгуби во зградата на Европскиот совет

Германската канцеларка, Ангела Меркел, пристигна на првиот вонреден состанок на претставниците на ЕУ во Eвропскиот совет од почетокот на пандемијата на Ковид-19. На снимките од нејзиното пристигање, Меркел изгледаше изгубено додека одеше кон просторијата за состаноци.

Одејќи по црвениот тепих во зградата на Советот на ЕУ, канцеларката наеднаш застана и збунето погледна пред влезот на салата. По неколку секунди размислување, таа продолжи да оди во истата насока.

Видеото предизвика лавина од реакции и духовити коментари на социјалните мрежи.

Лидерите на Европската унија се собраа во Брисел во обид да постигнат договор за заеднички буџет за следните седум години и фонд за опоравување поради новонастаната ситуација предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави