Ајкула грабнала 10-годишно момче од рибарски брод во Австралија

Ајкула грабнала 10-годишно момче од рибарски брод кај брегот на Австралија, но се оддалечила кога таткото на момчето скокнал во морето за да го спаси.

Момчето било однесено во болница во стабилна состојба, со повреди на раката, градите и главата по нападот на ајкула кај островската држава Тасманија, соопшти локалната власт.

Детето носело појас за спасување додека било на бродот со неговиот татко и уште двајца мажи кои ловеле риба оддалечени пет километри од брегот. Во еден момент го грабнала ајкула и го одвлекла, се вели во соопштението.

Австралија е меѓу земјите со најголем број напади на ајкули, годинава се забележани пет такви смртоносни напади.

Треба да знаете
Последни објави