Бројот на инфицирани од коронавирус во Индија надмина милион лица

Бројот на заразени со Ковид-19 во Индија надмина еден милион, соопшти денеска индиското Министерство за здравство.

Инфекцијата, се вели во соопштението, се шири особено во помалите градови и села каде нема карантин и ограничувања, пренесуваат британските медиуми.

Во последните 24 часа во земјата се регистритани нови 34.956 инфицирани лица, со што вкупниот број на заразени сега изнесува 1.003.832, јави Си-Ен-Ен.

Во Индија досега од коронавирус умреа вкупно 25.602 лица.

Треба да знаете
Последни објави