Search

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување мнозинство за формирање влада

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на последната прес конференција рече дека изборната трка е многу тесна, но неговата партија влегува во трка за составување мнозинство за формирање влада.

-Можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во Аеродром, Гази Баба, Свети Николе, Македонска Каменица, Пехчево, Охрид, Прилеп, Петровец. Сепак Донтовиот модел ја прави оваа трка доста неизвесна. ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување мнозинство за формирање влада. Факт е дека народот сака промени, не сака коруптивна влада, туку обнова. Опозицијата покажа дека има повеќе гласови од партиите на власта. ВМРО-ДПМНЕ испраќа благодарност до сите граѓани. Со тој кредибилитет обезбедваме мнозинство за нова влада.Во моментов е неизвесна трката и ќе почекаме до утрина за конечни резултати. Да почекаме да видиме финално како ќе бидат поделени мандатите. Трката е речиси изедначена. СДСМ и кога губеле прогласувале победа, рече Јанушев, кој дополни дека нема информација дали ќе има обраќање на лидерот Христијан Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави