Search

Хакерите што го блокираа Тајм.мк“: Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не

Хакерска група ноќва го хакираше сајтот на агреторот на вести Тајм.мк.

На веб страната на агрегторот се појавува фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не”.

– Поминаа уште едни „демократски избори” и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.

Вечерва и претседателот на ДИК, Оливер Дерковски соопшти дека веб страната на Комисијата најверојатно е цел на „надворешен хакерски напад”.

Треба да знаете
Последни објави