Search

Фронтекс во Црна Гора ја почна втората операција надвор од ЕУ

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс, чија главна задача е да ги штити надворешните граници на Европската унија, започна операција во Црна Гора на 15 јули. Toа e втора операција на агенцијата надвор од ЕУ. Според порталот „Балканска мрежа за безбедност“, Црна Гора e втора земја на Западен Балкан, по Албанија, каде што ЕУ започнува мисија за подобрување на граничната контрола и борба против илегалната миграција, а потоа следат Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Според Фронтекс, неколку полицајци ќе бидат распоредени во Црна Гора, како форма на помош на црногорските погранични власти, на границата со Хрватска. Во наредните недели, присуството ќе биде проширено и на поморската гранична контрола, вклучително и поддршка за задачи за пребарување и спасување. Главната цел на операцијата е борба против прекуграничниот криминал, криумчарење мигранти, трговија со луѓе, фалсификување лични документи, украдени возила и бродови, како и спречување на шверц на дрога, оружје и борба против тероризам.

Треба да знаете
Последни објави