Search

(Видео) Во Тетово симпатизери на СДСМ слават победа со огномет

Неколку стотици симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз и на партиите од коалицијата „Можеме“ се собраа вечерва пред седиштето на СДСМ во центарот на Тетово за да ја прослават, како што велат, победата на парламентарните избори.

 

https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/video-1594853769.mp4?_=1
Десетина момчиња запалија факли стоејќи на средината на булеварот Илирија додека траешенеколкуминутен огномет, a симпатизерите славеа со знамиња и вклучени сирени на автомобилите.

Според првичните резултати што вечерва ги објави ДИК, во Тетово коалицијата „Можеме“ освоила 20,35 отсто од гласовите, а за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 15,39 отсто од избирачите.

Треба да знаете
Последни објави