Search

Парис Хилтон на роденденска забава кај внуката

Парис Хилтон во понеделникот го прослави четвртиот роденден на својата внука Лили-Грејс на забава со епската тема „Тролови“.

39-годишната кокета, која за поводот облече фустан во боја на виножито, се покажа како вредна тетка, документирајќи ги сите детали од роденденската забава на Инстаграм.

„Го славиме роденденот на мојата убава внука со моите девојки“, напиша Парис под фотографијата со пријателите Алисон Мелник и Каролина Д’Амор.

Покрај тоа, наследничката на познатиот синџир на хотели објави фотографија со нејзината помлада сестра Ники (36), која се држи за рака со својата мини-јас.

Треба да знаете
Последни објави