Search

(Видео) Стотици полицајци, кучиња и хеликоптери во Германија: Потера по маж кој разоружал полицајци

Германските власти распоредиле стотици полицајци во југозападниот дел на земјата во потрага по 31-годишниот Ив Етиен Рауш, кој разоружал четворица полицајци.

Според официјалните лица, полицијата во Офенбург на југозападниот дел на Германија објави дека полицајците го пробиваат недостапниот шумски терен со поддршка на кучиња за пребарување и хеликоптери, јави АП.

Властите презедоа необичен чекор именувајќи го осомничениот и предупредувајќи дека носи неколку парчиња огнено оружје и дека е насилен.

Полицијата вршела проверка на личната карта на Рауш во близина на Опенау, при што тој првично соработувал, а потоа одеднаш извадил пиштол, им се заканил и ги принудил да го предадат оружјето.

Никој не е повреден во инцидентот во близина на германската граница со Франција.

Треба да знаете
Последни објави