Search

Забрчанец: Ја знаете разликата, преземете чекор во среда, дајте глас, дајте шанса, дајте пат да продолжиме заедно напред

Марјан Забрчанец на Фејсбук повика граѓаните да излезат и да гласаат за бројот 3.

Драги пријатели, Ја знаете разликата. Голема е како ден и ноќ. Како утре и некни. Како напред и назад. Како Заев и ДПМНЕ.Имавме грешки и погрешни чекори. И ги признаваме и се поправавме секогаш кога ќе креневте глас. Но големите чекори напред не дозволија земјата да ни тапка во место. Да не дозволиме да отиде во неповрат се што направивме, се што направивте.Преземете чекор во среда, дајте глас, дајте шанса, дајте пат да продолжиме заедно напред. Ова не е време за молчење. Не е време за седење дома. Ова е време за ваша одлука. Вие сте на потег.Сигурен сум дека можеме! Во среда, број три!“

https://www.facebook.com/zabrcanec/posts/10159983624341754

Треба да знаете
Последни објави