Search

Уапсена поранешната манекенка Накова, наместо во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера е уапсена во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдуваат за „А1он“ од МВР. Оттаму велат дека таа е спроведена во државен карантин, а ќе биде известен и јавен обвинител.

„На базен во Гевгелија, не придржувајќи се до одлуката на Владата и до решението за самоизолација од државен санитарен и здравствен инспекторат, а поради постоење на   сомневање дека е сторител на казниво дело по чл. 205 и чл.206 од Кривичниот законик, лишено од слобода е лицето А. Г (31) од Гевгелија. По комплетирањето на настанот за лицето ќе биде изготвена соодветна кривична постапка“ велат од од МВР за „А1он“.

Неофицијално, Накова од Гевгелија ќе биде спроведена во државен карантин во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави