Search

Митрески: Патриотизам е решавање на проблемите на граѓаните, покачување на платите, инвестиции во инфраструктурата

Граѓаните знаат дека некои од опозицијата одат по улиците и продаваат патриотизам, но вистински патриотизам е да ги решите проблемите на граѓаните, истакна истакна носителот на листата на коалицијата „Можеме” во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.
Патриотизам е кога минималната плата ќе ја зголемите од 9 на 14.500 денари, тоа се  5.500 денари месечно, 1000 евра годишно повеќе во џебот на работниците, патриотизам е кога ќе ја зголемите социјалната помош за 3 пати, кога ќе ја вратите ефитната тарифа и ќе ја укинете радиодифузната такса, патриотизам е решавање на проблемот на 12.000 стечајци, кои заслужиле да добијат сигурност до пензионирање, нагласи Митревски.
Тој на своите стружани им порача дека патриотизам е кога во Струга после 50 години ќе изградите две спортски сали, за младите и спортистите да се развиваат како што личи во секоја земја, кога основното училиште Јосип Броз Тито е целосно реконстрирано, а пред 4 години земаше струја од соседната градинка и кога ќе ги подмирите обврските на сите 12 училишта во Струга, кои сите имаа блокирани сметки.
Патриотизам е кога решавате инфраструктурините проблеми, рече Митрески, додавајќи дека во Струга остана само уште еден пат за асфалтирање.
Во Дримкол за прв пат по 1972 години, по 48 години се појави  асфалтерка да ги реши проблемите на граѓаните, а во Малесија прв пат по 1982 година, нагласи Митрески.
Е тоа е патриотизам, а не цртање на знамиња со спрејови, порача Митрески.
Ќе ги решаваме проблемите на граѓаните и во иднина, истакна Митревски, додавајќи дека изборот на 15 јули е лесен од една страна се парите кај граѓаните од друга страна е парите да завршуваат во белиот дворец.
На 15 јули ќе покажеме сите заедно дека можеме уште повеќе и уште подобро, порача носителот на листата на коалицијата „Можеме” во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.
Треба да знаете
Последни објави