Search

Нема саем на автомобили во Женева и во 2021 година

Организаторите на меѓународниот автомобилски во Женева објавија дека настанот нема да се одржи ни следната година и дека планираат да го продадат на Palexpo SA и би требало во иднина да обезбедат нормално функционирање, oбјави 24Ауто.мк.

Откако беше спроведено анкетирање на изложувачите, најголемиот дел се изјаснил дека нема да учествува ниту во 2021 година, и дека најверојатно ќе се вратат во 2022 година.

-Автомобилскиот сектор моментално поминува низ тешка фаза и на изложувачите им треба време за да се повратат од ефектите на пандемијата, изјавија организаторите на саемот.

Според организаторите на саемот откажувањето на саемската манифестација годинава ги чини загуба од околу 11 милиони швајцарски франци (околу 10,2 милиони евра). Тие побарале помош од кантонот на Женева и им бил одобрен заем од 15,7 милиони евра. Но, сепак условите под кои бил понуден не биле многу добри.

Автосаемот во Женева традиционално привлекува половина милион посетители и е најголемиот јавен настан во Швајцарија, донесувајќи приход од над 200 милиони долари годишно.

Треба да знаете
Последни објави