Search

Села и Исмаили од Тетовско: Време е за промени, за нови стандарди во здравството, економијата, образованието

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ги продолжија средбите со граѓаните како дел од предизборната кампања за парламентарните избори во 2020 година. Денеска претседателот на Алијанса за Албанците, исто времено и носител на изборната листа на коалицијата АА-ААА Зиадин Села, заедно со министерот за култура исто времено кандидат за пратеник Хисни Исмаили, и кандидатите Аднан Незири, Илире Даути, Халил Снопче, Афан Елези и Мисир Селими остварија средби со граѓаните и ја претставија платформата на коалицијата „Држава за сите”.

Кандидатите за пратеници, претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села, министерот за култура Хисни Исмаили, Аднан Незири и Илире Даути, денес ја посетија населбата Цетинска, како и тетовските планински села Лисец и Шипковица.

За време на средбите со граѓаните, кандидатот за пратеник Хисни Исмаили истакна дека Тетово страдаа поради недостатокот на основните услови, па затоа според Исмаили време е да се создадат нови стандарди во здравството, економијата, образованието и така натаму.

Од друга страна Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, истакна дека сега е време за промени, почнувајќи од законот за фер и соодветна застапеност, економски понуди и економски развој.

Претседателот Села зборуваше и за неправдите направени кон Албанците низ годините кои не се соодветно заштитени во правосудните институции.

Треба да знаете
Последни објави