Search

Кичеец во нова „бомба“ со црногорскиот бизнисмен Дака, се спомнуваат Рашковски и Заев

На Јутјуб каналот „Алибаба тредичи“, каде пред неколку дена беа објавени аудио-снимки од разговори во врска со „Рекет“, како и три „бомби“ и видео снимка од поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, денеска се појави нова аудио снимка.

Овој пат на снимката се слуша разговор со транскрипт, на кој наводно се слуша гласот на Зоран Милески, осуден во случајот „Рекет“ и Миодраг Давидовиќ Дака, контроверзен црногорски бизнисмен.

Во аудио материјалот кој трае околу 12 минути двајцата, Дака и Милески ги споменуваат имињата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, а се слуша и името на поранешниот премиер, а актуелен претседател на СДСМ Зоран Заев.

Во разговорот се споменуваат дадени пари на Милески, се споменува референдумот и неостварени ветувања за бизниси поврзани со хидроцентрали и ветерници во Тетово и Штип.

Треба да знаете
Последни објави